Елиф Елмас е огромна ѕвезда, но преку лето продава сладолед и му помага на својот татко 

Репрезентативецот на Македонија Елиф Елмас за време на паузата од клупскиот фудбал му помога на својот татко во семејната слаткарницата „Мандарина“.во Скопје.

Еминентниот весник „Билд“ направи репортажа за ѕвездата на Лајпциг, кој цврсто стои на земја помагајќи му на својот татко во нивната слаткарница која работи долг период.

„Уживам кога сум во мојата татковина, па и на краток период. Доаѓањето тука ми помага да се опуштам и да ја разбистрам главата. Голем удел во тоа има што многу денови поминувам помагајќи му на мојот татко во слаткарницата. Во тие моменти не мислам на ништо друго и убаво ми е на тој начин да го поминувам времето“, изјави Елмас.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons