Д-р Пановски: Мајмунските сипаници не заслужуваат внимание, никој во Европа сè уште не умрел од оваа болест

Додека трае ковид пандемијата, деновиве почна да се шират паника и разни информации за опасноста од мајмунски сипаници кои се претставуваат како опасни по живот и лесно преносливи.

– Од социолошки аспект мислам дека треба да се пополни  просторот што медиумите го имаа со ковид, тие се навикнаа на тоа. Инаку мајмунските сипаници не заслужуваат никакво внимание, освен научно-истражувачко и епидемиолошко значење. Мајмунските сипаници се покс сипаници. Тоа се кога излегува меурче. Ова со децении трае. Стручен назив е вариола вера, но Англичаните го викаат смол покс. Нашите новинари, а понекогаш и стручните лица го преведуваат како мали сипаници. Кај нас малите сипаници најчесто ги викаме морбили, додека смол покс и ние и Србите, Хрватите, Русите ги викаме големи сипаници, појаснува во Утрински брифинг микробиологот, проф. д-р Никола Пановски за фамата која се крева околу мајмунските сипаници.

Низ годините имало појава на спорадични случаи намајмунски сипаници, но вакцините од мали сипаници, пружаат голема заштита од оваа болест.

– Пред некој ден слушав дека СЗО вели ако сте вакцинирани од мали сипаници, 85% ќе бидете заштитени од мајмунски сипаници. Кога би било тоа вистина, би било одлично, бидејќи од мајмунски сипаници се сите вакцинирани, додека од вариола вера кои се големи сипаници, вакцинирани се оние кои се постари од 51 година. Значи Југословените два пати, а останатите во светот еднаш. Сите останати не се вакцинирани. Манки покс за првпат е изолиран во 1958 во Копенхаген. Слична покс сипаница е варичелата, што ние ја викаме овчи сипаници, а врска нема со овци. Во иста фамилија спаѓаат вариола вера, мајмунски сипаници и вакциниа. Вакциниа е болест на кравите од која се разболуваат луѓето. Фамата се крена бидејќи во последниот месец се појавија стотина случаи. Но за разлика од вариола вера, мајмунските сипаници не предизвикуваат смрт, рече д-р Пановски и објасни дека меурчињата се опасни само ако се инфицираат од бактерии.

Тој објаснува дека во медиумите се објавуваат страшни слики од екстремни случаи кои предизвикуваат страв кај населението.

Д-р Пановски во гостувањето во Утрински брифинг се осврна и на ковид пандемијата.

– Не би требало да има нов бран. Варијантите кои се појавуваат на омикрин се со поблаги симптоми. Населението и со вакцините и со прележување стекна имунитет. На есен и да има нов бран нема да има 50 туку 200 случаи и тие ќе бидат полесни. Нема да има ниту потреба од тестирање. Тоа се случи со војната во Украина. Илјадници Украинци излегоа од земјата, никој не ги тестираше, Полјаците кои ги прифатија не пријавија зараза, дециден е д-р Пановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons