Македонија

Државна матура ќе се полага во спортските сали и училишните ходници

Ходниците на училиштата и салите за физичко воспитување ќе бидат новите простории каде годинава ќе се одржуваат матурските испити на 1 и 8 јуни. Директорите на училиштата за Алсат, изјавија дека во зависност од бројот на ученици ќе ги прилагодат просториите за испитот.

„Поголем дел ќе бидат во спортската сала, а помал дел во училишните ходници и ќе го надминеме бројот што го имаме, близу 130 матуранти во оваа учебна година. Во зависност од тоа колку простори има, спортската сала во нашето училиште е голема, ќе ги опфати сите и ќе има растојание меѓу учениците за да не се препишува, и матурскиот тест да биде поефикасен“, рече Бедри Ѓуреци, директор на СУГС „Сарај“.

Матурантите велат дека има време за подготовка и нема потреба од препишување.

„Сметам дека промената на местото каде што ќе се одржи државниот испит не е нешто што ќе биде трагично, учениците ќе бидат подготвени како и секогаш. Тие ќе дадат сè од себе за успешно да го завршат овој испит за да продолжат за нивните нови цели, како што се факултетот и така натаму“…

„Мислам дека нема да има потреба од препишување. Овие четири години гимназија постојано професорите ни држеа предавања, и секогаш ни кажуваа приближно какви прашања или какви лекции може да има на тестот за државна матура. Верувам дека сите ученици ќе дадат се од себе“, рекоа учениците.

Годинава на на државна матура ќе има 14.834 ученици. Минатата година беше констатирано дека над 3.000 средношколци го препишувале испитот по англиски јазик. Од Државниот испитен центар велат дека сè е подготвено. Тестовите се испечатени и се вршат финални подготовки за нивна дистрибуција до образовните институции. На 1 јуни ќе се одржи тестот по мајчин јазик, а на 8 јуни тестот по еден од избраните предмети: англиски, француски, германски, руски, математика, филозофија, естетика.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons