До 4.000 евра грант од државата може да добијат македонските компании, мерки има и за повратниците од странство
„Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети. Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Со цел да се поддржат и помогнат македонските фирми да се прошират и развијат преку отворање нови работни места, во тек е јавниот повик за „Поддршка за креирање на нови работни места од Оперативниот план за вработување 2026.
Додека првиот повик за Самовработување од Оперативниот план беше насочен кон лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис, овој јавен повик е насочен кон микро, мали и средните претпријатија кои сакаат да ги прошират бизнисите со отворање нови работни места, а неповратни финансиски средства можат да добијат за вработување на најмногу 5 лица.
Паричните средства варираат согласно категоријата, каде што најголем износ се доделува за вработување на млади до 29 години, и тоа 250.000 денари по лице, за лица корисници на гарантирана минимална помош, Роми, лица со попреченост, жени, долгорочно невработени лица и за жени Ромки со завршено средно или високо образование, висината на грантот изнесува 220.000 денари, додека за невработени над 29 години 160.000 денари по лице.
Со оваа мерка се таргетираат и македонските повратници, така што за секое вработено лице повратник, во зависност од дефинираните износи на соодветна категорија на невработени лица, на работодавачот му се исплаќаат дополнителни 10% од вкупниот износ на одобрени средства.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со ваквите мерки, креира еднакви можности професионален и кариерен развој за сите македонски граѓани од сите возрасти и категории и создава поволна бизнис клима за раст и развој на македонската економија“, соопштија од владејачката партија.



