Актуелно

До крајот на оваа седмица ќе се знае дали во Македонија има заразени од новиот сој „кракен“

Во моментов состојбата со респираторните болести што циркулираат периодов е стабилна. Ова денеска го истакна портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

„До крајот на неделата ќе има резултати од секвенционирањето на позитивните примероци од ковид-19 и ќе се знае дали во земјава е присутен новиот сој кракен“, рече Мехмедовиќ на денешното обраќање пред медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons