Актуелно

Дојави за бомби во 49 училишта – Рекорден број закани 

Нови заканувачки пораки од утрово ги вознемирија Скопје и Куманово. За прв пат вкупно 49 основни и средни училишта во 9 часот добиле идентична порака, по што илјадници ученци и вработени веднаш се евакуирани. Директорите на 17 основни и 22 средни училишта во Скопје  пријавиле дојави за поставени бомби. Во Куманово според полицискиот извештај, дојави за бомби добиле 8 основни училишта, еден клон на училиште и едно средно. Од досегашната акција на антитерористичката единица на МВР увидот утврдил дека сите 49 дојави се лажни. 

Основните училишта од Аердром и Центар од утрово за прв пат  беа на мета на дојавувачите за поставени бомби. Само еден час од започнувањето на наставата на мејл адресите на училиштата пристигнала идентична порака. Децата и вработените се веднаш евакуирани, а родителите вознемирени не сакаат  да говорат јавно но велат дека се плашат за нивните дечиња, бидејќи не се чувствуваат безбедни.

Директорите пред камерата на Сител велат дека за неколку минути евакуирани биле сите. Сепак и покрај проверките на полицијата, наставата за денес е одложена.

Сител од свои извори  дознава дека заканувачките пораки во изминативе три месеци стигнуваат само на официјалните мејл адреси на училиштата, но не и на оние кои содржат лични имиња на раководителите на јавните објекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons