Дмитро Хориха ќе игра за Македонија
Ракометарот на Вардар, Дмитро Хориха потврди дека во иднина ќе настапува за македонската репрезентација, тоа ќе може да се случи по април 2026 година.
Во изјава за „МакСпорт“, Хориха потврди дека веќе разговарал со Лазаров и ќе биде во комбинација за настап за Македонија од април 2026 година.
Тој е од Украина и за да добие право за настап за Македонија мора да помине 36 месеци со престој во нашата земја како и да поминат три години од неговиот последен настап за украинската репрезентација.
Сето тоа ќе биде исполнето во април 2026 година, по што тој ќе може да му се стави на располагање на Лазаров.



