Македонија

Диви свињи се симнуваат во струмичките дворови, граѓаните бараат помош од надлежните 

Струмичани од горниот дел на Струмица, каде се наоѓа турското маало се вознемирени бидејќи последниве денови се забележани диви свињи во дворовите на граѓаните. Тие се исплашени за својата безбедност и бараат да се преземат мерки за заштита.

Диви свињи се појавувале и порано, но, струмичани велат никогаш досега не се доближиле толку до населениот дел.

Ловните друштва смируваат дека  тој реон е дел од ловиште и тие се движат но ќе се повлечат за кратко.

Не е првпат дивите свињи се појавуват во населени места, но, тоа е најчесто во периоди кога има забрана за лов.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons