Десет дена суспензија за Мурињо, ќе ги пропушти првите две кола од Серија А
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо доби суспензија од десет дена откако ќе почне новата сезона од Серија А, казната е поради неговите коментари кон судијата Даниеле Чифи.
Поради тоа што рече дека судијата Даниеле Чифи е најлошиот судија кој го видел, Мурињо заработи десет дена суспензија.
Казната ќе почне со почетокот на новата сезона од Серија А. Тоа значи дека Португалецот ќе пропушти две кола.
Мурињо доби и парична казна од 50.000 евра, а истата сума ќе треба да ја плати и Рома.