Спорт

Две сценарија ја водат Македонија директно на Светско, но потребно е чудо

Македонија во последното коло од квалификациите за мундијалот и понатаму сонува за директен пласман, постојат две сценарија за освојување на првото место во групата, но потребно е чудо.

Популарните „рисови“ утре со гостување во Велс ги завршуваат квалификациите за Светското првенство во САД.

Во пресрет на последниот натпревар, сите опции за Македонија се отворени, момците на Боби Милевски можат да завршат и како први во групата, и како втори, но и да финишираат како трети и повторно да се најдат во баражот.

Во игра се две сценарија за директен пласман на мундијалот, но и за двете е потребно чудо.

Доколку го победиме Велс, а Белгија доживее пораз на домашен терен од Лихтенштајн, тогаш со 16 бода ќе ја освоиме групата и ќе го чекираме билетот за СП 2026.

Можеме да бидеме први во група и со реми помеѓу Белгија и Лихтенштајн, но во тој случај ќе треба да го совладаме Велес со седум или повеќе голови разлика.

Што се однесува до финиш на второто место, доволно ќе ни биде само да останеме непоразени кај Велс.

Второто место ќе ни го продолжи мундијалскиот сон преку баражот, но лошо е тоа што ќе бидеме во третиот шешир, и првиот натпревар ќе го играме на гости.

И со пораз од Велс ништо не е загубено, ќе се најдеме повторно во баражот, но мундијалскиот сон ќе биде значително потежок. При едно вакво сценарио, ќе се најдеме во четвртиот шешир, и не само што првиот натпревар ќе го играме во гости, за противник ќе имаме селекции како Италија, Украина, Турција, Полска или евентуално Данска или Австрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons