Свет

ДВЕ ЛИЦА СЕ ПРЕНЕСЕНИ ВО БОЛНИЦА ПО УТРИНСКИТЕ РАКЕТНИ НАПАДИ НА КИЕВ – Кличко вели дека може да има заробени во станбена зграда 

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека две лица се пренесени во болница по утринските ракетни напади врз Киев, а операциите за пребарување и спасување продолжуваат. 

Во објава на Телеграм, Кличко објави дека е можно луѓето да останат заробени под урнатините во станбена зграда во населбата Шевченковски.

Инаку, четири експлозии се слушнале утринава во Киев, во станбена зона во близина на центарот на градот каде избувнал пожар и извирал густ сив чад, јави агенцијата Франс прес.

Експлозиите се слушнале околу половина час по означената воздушна опасност во главниот град, кој не бил цел на руското бомбардирање околу три недели. Засега нема информации за евентуални жртви.

„Повеќе експлозии во областа Шевченковски“, напиша градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.

„Амбулантни возила и спасувачи се на терен. Во тек е спасување и евакуација на жителите во две згради“, додаде тој.

Кон крајот на април, новинарката на украинското радио Либерти беше убиена во нејзиниот стан во Киев, кој беше погоден од руски напад што се случи за време на посетата на главниот град на Украина од страна на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons