Град со големина на лешник паѓаше во Гостивар 

Во Гостивар попладнево имаше невреме со град. 

Гостивар попладнево го зафати силно невреме со пороен дожд, грмежи и град со големина на лешник. Невремето почна околу 14 часот и 15 минути. 

Интензивните поројни врнежи ги полнат улиците со вода. Пешаците кои се најдоа затекнати од невремето побрзаа да се сокријат на безбедно најблиску што можат, а возачите да се снајдат до првото паркинг место, пишува Гостиварпрес. 

Поплавени беа и улиците во Велес. И наредните денови ќе имаме нестабилно време. На некои места можно е да наврнат и до 50 литри дожд на метар квадратен. 

фото Гостиварпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons