Магазин

ГАЛЕРИЈА: Предлог посни салати за празниците

Се празници, а тоа значи, дека на трпезата ќе треба да приложите и вкусни посни јадења.

Се празници, а тоа значи, дека на трпезата ќе треба да приложите и вкусни посни јадења.

Ако немате идеја какви салати да послужите ние имаме решение за вас:

Салата од компир и моркови

Потребни состојки:

1/2 kg компири
200g сенф
4 помали главици кромид
2 моркови
Сол
Бибер

Подготовка:

Добро сварете го компирот кој претходно бил излупен, заедно со морковите. Оставете мал дел од водата во кои се вареле, а останатото исцедете го.

Потоа со миксер испасирајте ги сварените компири и моркови. Кромидот исечкајте го на ситно, а потоа малку динстајте го.

Кога ќе омекне додадете го во смесата заедно со сенфот и продолжете да миксате. Зачинете со сол и бибер по желба и оставете да се олади салатата пред да се јаде.

Посна сенф салата

Потребни состојки:

3 моркови
4 компири со средна големина
10 кисели краставици
1 полна лажица сенф
2 лажици масло
1 лажица оцет
Малку шеќер
Сол
Бибер

Подготовка:
Сварете ги морковите и компирите во солена вода, потоа исцедете ги и исечкајте ги на ситни коцки. Краставиците исто така, исечкајте ги и додадете ги во компирите и морковите.

Претходно добро измешајте ги оцетот, шеќерот, маслото и сенфот и додадете ги откако варените компири и моркови добро ќе се оладат.

Посна шарена салата

Потребни состојки:

300g интегрален ориз
100g грашок или боранија
100g млади тиквички
1 зелена пиперка
1 црвена пиперка
2 моркови
Чешне лук
Малку магдонос
Сок од половина лимон
100g кисели краставички
Бибер
Сол

Подготовка:

Во зовриена вода ставете ги тиквичките, пиперката и морковите исечкани на коцки, а потоа и грашокот и белиот лук.

А, потоа и оризот, сокот од лимон и зачините.

Варете 15 до 20 минути додека не се свари оризот, а потоа додадете ги и исечканите кисели краставици.

На крајот можете да додадете и малку ореви.

Посна руска салата

Потребни состојки:

2 конзерви сардина
Посен мајонез
4 помали моркови
4 кисели краставици
1 поголем компир
300g грашок
Сол бибер

Подготовка:

Компирот, морковите и грашокот сварете ги и исечкајте ги на коцки, а потоа ситно исечкани додадете ги и киселите краставици и сардините.

Посолете и ставете бибер по желба, а потоа додадете го и посниот мајонез откако салатата добро ќе се олади. Салатата, по желба, можете да ја правите и без сардина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons