Македонија

Вчера уапсени 11 возачи – седуммина возеле без дозвола, четворица имале забрана за возење

11 возачи лишени од слобода вчера за безобѕирно управување со моторно возило. Четворица возеле со активна мерка забрана за управување, а седуммина без возачка дозвола.

Како што информираат од МВР, вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи, од кои четворица (Прилеп, Велес, Македонска Каменица и Кичево) за возење и покрај тоа што имале активна забрана и седуммина (Гостивар, тетовско, Кичево, двајца во Скопје и двајца во Струга) затоа што управувале возило без возачка дозвола.

Возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, порачаа од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons