МагазинНајново

Врнежлива недела: „Потоп” во делови од Македонија, ова е состојбата

Обилните врнежи во изминатото деноноќие најмногу ја зафатија Гевгелија, каде до 7 часот утрово биле измерени 29 литри дожд на квадратен метар.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Берово наврнале 16 литри на квадратен метар, додека во Прилеп, Демир Капија и на Попова Шапка се регистрирани по 10 литри. Во Претор и Струмица се измерени по 9 литри, во Маврови Анови 8, а во Скопје-Петровец и Куманово по 6 литри на квадратен метар.

Врнежливото време ќе продолжи и денеска. Метеоролозите најавуваат претежно облачно време со повремени врнежи, кои ќе бидат поизразени во попладневните часови и во текот на ноќта. На одделни места се очекуваат пообилни врнежи, со над 15 литри дожд на квадратен метар.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната температура ќе се движи од 11 до 16 степени.

Во Скопје исто така се очекува облачно време со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons