Во осум градови повеќе денови се дише позагаден воздух отколку во Скопје

Најновите податоци за јануари 2023 година што ги објави денеска на твитер мрежата О2 иницијативата покажуваат дека Кичево има најлош возух, а Скопје има повеќе денови со доволно чист воздух од Гевгелија, Велес, Гостивар, Струмица, Прилеп, Берово, Тетово и Кичево.

Според податоците на О2 иницијативата во јануари годинава Битола имала најголем број денови со доволно чист воздух, 16 денови.Берово останува на врвот на црната листа на градови. Таму во првиот месец од годината немало ниту еден ден во кој имало доволно чист воздух за дишење.

„Кичево има најлош возух, а Скопје има повеќе денови со доволно чист воздух од Гевгелија, Велес, Гостивар, Струмица, Прилеп, Берово, Тетово, Кичево“, покажуваат податоците на О2.

Од собраните податоци во скопските општини, најмногу ПМ 2,5 загадувачки честички на метар кубен и тоа 28 се измерени во Ѓорче Петров а зад неа се Чаир и Гази Баба со по 27 и Ародром и Петровец со по 26 милиграми ПМ 2,5 загадувачки честички на метар кубен. 

Според анализата која О2 иницијатива ја направи на буџетите од 2014 до последниов предлог за 2023 по однос на функцијата заштита на животна средина за Град Скопје, најголем реализиран буџет за заштита на животна средина имало во 2020 – 9,67 милиони евра , потоа во 2021 – 8,96 милиони евра, па во 2019 – 8,44 милиони евра, за време на градоначелствувањето на Петре Шилегов.

Најмали буџети се во 2014 – 2,77 милиони евра и 2015 – 2,77 милио ни евра, кога градончалник бил Коце Трајановски, и последниот реализиран буџет за 2022, до 30 септември 2022 – 2,45 милиони евра со Данела Арсовска како градоначалничка.

Пред неполн месец, О2 објави податоци според кои Берово и Охрид не се воздушни бањи како што се мисли затоа што и таму се дише загаден воздух

„Можеме да заклучиме дека покрај подобрувањето на квалитетот на воздухот во Скопје и Тетово откако големите индустрии ги поставуваат филтрите или престануваат со работа, временските прилики продолжуваат да се главниот фактор кој влијае врз квалитетот на воздухот, микроклимата, дали дува ветер или не, од кој правец, дали врне, дали има магла и слично. Без менување на начинот на греење и без поставување на построги индустриски стандарди, особено во градови како Скопје, каде поради обемот на индустријата во самиот град потребно е користење на гас во производните процеси, секаде каде тоа го овозможуваат најдобрите достапни технологии, како и забрана за другите горива, без регулација на сообраќајот, искоренување на појавата на палење на отворено (стрништа и различен отпад), без контрола на градежните работи и градежната прашина, но и прашината од незазеленети површини и валканите улици што ветерот ја дисперзира во воздухот, нема да имаме воздух чист за ПМ 10 и за ПМ 2.5 не само во зимските месеци, туку и во текот на целата година”, предупредија во јануари од О2 иницијативата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons