Во мај рекордни 191 случај на семејно насилство
Во овој период, Министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 137 кривични пријави, што претставува зголемување од 71,3% во споредба со мај минатата година.
Само во текот на минатиот месец, пријавени се вкупно 191 кривично дело семејно насилство, што претставува зголемување од 70,5% во споредба со истиот месец минатата година, објавија од Министерството за внатрешни работи.
Според нив, поголемиот дел од случаите се однесуваат на „телесна повреда“ – 130 случаи и „загрозување на безбедноста“ за кои се евидентирани 52 случаи.
Во категоријата најтешки кривични дела, евидентирано е убиство во регионот на СВР во Битола и два случаи на тешка телесна повреда.
Најголем број случаи се евидентирани во скопско, со пријавени 62 кривични дела. Во овој период, Министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 137 кривични пријави, што претставува зголемување од 71,3% во споредба со мај минатата година.
Против 144 сторители се преземени мерки за кривично гонење, додека 143 лица се идентификувани како жртви.
18 пријави се поднесени со забрзана постапка, 15 лица се приведени, додека 48 лица се под надзор.
Министерството за внатрешни работи нагласува и дека пријавите со забрзана постапка се зголемени за 800% во споредба со минатата година.



