ВОНРЕДНА ВЕСТ: Ова се новите цени на горивата од полноќ- ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА!
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денари, односно 0,5 ден за литар со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 110,00 ден/лит , додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 112,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 2,5 денари и од вечерва на полноќ дизелот ќе се продава по 102,00 ден/лит.
Информацијата е според извори на порталот Гориво.мк, додека според РКЕ предусловите биле исполнети, така што донесена е одлука за промена на цената на горивата која ќе стапи на сила од полноќ.
Останува да почекаме официјална потврда, но досега овие информации само се официјализирале како точни.