Македонија

Водата во Гостивар од денеска може да се пие

Водата од градскиот водовод во Гостивар од денеска, 14 август, може да се користи за пиење.

Ова на денешната прес-конференција го истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов.

Според испитувањата, водата микробилошки била исправна од крајот на минатата недела, но при извршените испитувања имало повисоко ниво на хлор како резултат на спроведената дезинфекција на водата за пиење.

-АХВ во саботата посочи да се намали додавањето на хлор и да се земат дополнителни примероци за лабораториско испитување со цел потврдување на безбедноста на водата за пиење. Последните добиени резултати спроведени од лабораториските испитувања од почеток на неделава потврдуваат дека водата е микробиолошки и хемиски исправна и се исполнети условите водата од водоснабителниот систем во Гостивар да се користи за пиење, нагласи Миланов.

На жителите на Гостивар им препорача водата да ја остават да истече неколку секунди особено ако чешмата подолго време не била пуштена.

Апелираше на рационално користење на водата, со цел да се обезбеди стабилно и непречено користење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons