МакедонијаПолитика

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден  

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудувасквернавењето на македонското знаме кое се случиво текот на вчерашниот ден. 

Истовремено реагираме на навредливите скандирањаи дивеења на неодговорни групи зад кои верувамедека има и политичка позадина и кои преку етничкитеми и поделби сакаат да се наметнат во јавниотдискурс во отсуство на реална политичка понуда. 

Законот мора да се почитува од сите подеднакво и очекуваме надлежните институции да гисанкционираат оние кои го кршат законот.  

Kриминалните банди кои 20 години ги ограбијаинституциите и сите граѓани независно од етничкатаприпадност, денес со овој однос покажаа дека за нивнационалните знамиња не се ништо друго освенобвивка со која мислат дека ќе избегнат кривичнаодговорност.  

Правдата доаѓа, а овие реакции се најголема потврдаза нивниот страв. 

Ги повикуваме граѓаните, како и во минатото когаимало вакви обиди, да останат достоинствени и мудри бидејќи ова се само последни крици на еденкриминален монструм кој ја понижи и ограбиМакедонија. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons