Високите сметки за струја на училиштата може да ги остават наставницте без плата, општините бараат помош 

Сметките за струја ќе им ги „изедат“ платите на наставниците и професорите. Штипскиот градоначалник, но и останатите први луѓе на општините од Источниот регион, бараат училиштата да плаќаат за потрошена електрична енергија како и домаќинствата и градинките.

– Ќе биде доведена во прашање исплатата на плати на вработените во овие институции, затоа што сите средства кои што ги добиваме по основ на блок дотации, ќе бидат потрошени за покривање на трошоците за електрична енергија и трошоците за затоплување – изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип 

Училиштата се оставени на слободен пазар на струја и сметките им се зголемени за 3 до 4 пати.

– Очекуваме уште неколку кратно да се зголеми цената на електричната енергија, која што овие институции ќе ја плаќат. Тоа значи дека, колку и да штедиме, колку и да се прилагодуваме на новонастанатата ситуација и на препораките кои што ги добивме, не можеме да го намалиме трошокот за електрична енергија затоа што секојдневно растат цените и го анулираат она штедење што се обидуваме да го направиме – додаде Јорданов

Единствено решение, според Јорданов, е регулација на цената на енергенсите, за да се овозможи оптималност и оддржливост во функционирањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons