ВИДЕО: Се појавија ПРВИ СНИМКИ од страшниот земјотрес кој уби над 1.000 лица во Авганистан

Се појавија повеќе видеа од силниот земјотрес со јачина од 6.1 степен, кој го погоди Авганистан и уби 1.000 луѓе.

Над 1.500 луѓе се повредени, а бројот на загинати може да порасне. За оддалечените планински села не се знае дали има жртви и колку. Епицентарот бил на околу 44 километри од југоисточниот град Коста, во близина на границата со Пакистан.

Во источната провинција Пактики, загинале 255 луѓе, а повеќе од 200 се повредени. Во провинцијата Коста има 25 мртви, а 90 се однесени во болница.

Хеликоптери се вклучени во спасувачките напори за транспорт на повредените и испорака на лекови и храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons