Македонија

(ВИДЕО) Поздрав од Источна Македонија, вака се пошегува Еди Рама во Брисел

Во Брисел денеска албанскиот премиер Еди Рама, изразувајќи солидарност и поддршка за Македонија, иронично при поздравот со Шарл Мишел – претседател на Европскиот Совет, Емануел Макрон, претседател на Франција и Урсула фон дер Лајен – претседателка на Европската Комисија им се обрати со зборовите „поздрав од Источна Македонија“.

Претходно, Рама во Солун за македонскиот премиер Димитар Ковачевски кажа дека е премиер на „идна Западна Бугарија“. Но, за оваа шега, во јавноста имаше многу реакции и барање за извинување. Инаку, двете земји, Македонија и Албанија засега нема да ги почнат преговорите со ЕУ. 

Фото; EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Видеото од новата шега на Рама погледнете го ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons