(ВИДЕО) Луѓето скокаа од тераси, земјотрес ја погоди Турција
Земјотреси денеска ја стресоа Турција, а луѓето скокаа од тераси во паника. Две лица скокнале од балкон и се во добра здравствена состојба.
По силниот земјотрес со јачина од 5,5 степени кој утрово во 8 часот и 44 минути по локално време ја погоди Адана, тлото се затресло уште најмалку 17 пати. Медиумите јавуваат дека 55 луѓе се пријавиле во болницата во соседниот кварт Кадирли поради страв и паника за време на земјотресот. Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека луѓето трчаат од продавници за да избегаат надвор.
Оваа година во февруари имаше разорни земјотреси во Турција, при што загинаа над 50.000 луѓе. И во соседната Сирија имаше неколку илјади жртви. Многу земји од светот се солидаризираа да помогнат за санирање на штетите.