(ВИДЕО) „Затвор од соништата“: Затвореници во Франција возат картинг, Французите бесни 

Во вториот најголем затвор во Франција властите им дозволија на затворениците да уживаат во неколку игри, како картинг, што предизвика гнев кај Французите, а стави огромен притисок врз министерот за правда Ерик Дупонд-Морети, пренесува „Гардијан“. Французите на социјалните мрежи се пошегуваа со снимката, а некои го нарекоа и „затвор од соништата“.

На социјалните мрежи се појави видео од затворот Фреснес, каде затворениците се натпреваруваа во картинг и неколку други игри.

Министерот за правда, Ерик Дупонд-Морети, го опиша видеото како „шокантно“ и нареди внатрешна истрага иако беше објавено дека одделот за комуникации на неговото министерство го одобрил проектот и го гледал видеото пред да биде емитувано за да се осигура дека нема безбедносни проблеми.

Францускиот везник „Фигаро“ објави дека одобрувањето за настанот и објавувањето на видеото биле направени на „највисокото ниво“ на министерството, но официјалните лица за весникот изјавиле: „Она што ни беше претставено не спомна картинг; пишуваше за спортски настани, како прескокнување јажиња“.

Се верува дека настанот бил одобрен и од француските затворски власти.

Џими Делист, гувернерот на затворот во Фреснес, јужно од Париз, го бранеше настанот велејќи дека тоа е „братска прилика“ и им се заблагодари на организаторите. Игрите собраа 1.700 евра за добротворни цели, рече тој.

Ерик Чиоти, од десноцентристичката републиканска партија, беше меѓу најгласните во неговиот гнев.

„Нашите затвори не се логори за одмор каде што затворениците и чуварите создаваат врски на пријателство“, рече тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons