ВИДЕО: Голем пожар во Тетово, се запалија дуќани во Градскиот стадион 

Тетовските пожарникари вечерва гасеа пожар што избил под трибините на градскиот стадион, објави порталот Тетово инфо. 

Се запалил еден дел од просторот под трибините, во кој се наоѓаат дуќани или работилници. Нема повредени во пожарот кој избил во 20.35 часот, а е изгаснат во 21.45 часот.

-На почетокот бевме доведени во опасност поради таканаречена појава на „фрлање на струјата“, односно ненадеен проток, кратки споеви и мали експлозии. Затоа што водата е спроводник на електрична енергија, не можевме веднаш да интервениравме, па тоа беше направено отакко беше исклучена струјата. Употребивме вода со пена за да се спречи понатамошното ширење на огнот. Изгореа и дел од столчињата на стадионот, изјави Ука Алити, командантот на тетовската противпожарна единица. 

Четири возила и деветмина пожариникари го гаселе пожарот, информира Алити. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons