Веќе од среда сметките за парно греење ќе бидат повисоки!
– Цената на парното ќе биде позната во вторник. Ќе нема ценовни шокови. Знаете дека имаме инфлација, сите давачки на компаниите се зголемени. Не верувам дека ќе има поголемо зголемување од 5%“. Тоа би значело плус некои 50-60 денари за просечен стан, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски во ТВ гостување.
Тој потенцира дека оваа цена ќе важи до крајот на грејната сезона, доколку нема драматично зголемување или намалување на цената на природниот гас.