Спорт

Бонучи „плаче“ по поразот од Македонија: Правилата се лудост, примивме еден гол во 92. минута и…. 

Дефанзивецот на Италија, Леонардо Бонучи има многу критики за новиот формат на баражот за Светското првенство, не му се допаѓа тоа што решава еден меч и нема поправен испит.

За СП 2018, во баражот се играа два натпревари, еден дома и еден во гости, но за СП 2022 има измени, шанса им се дава и на победници од групите во Лигата на нации и се игра полуфинале и финале.

Новиот форма не му се допаѓа на Леонардо Бонучи, кој реши малку да „поплаче“ по поразот од Македонија.

„Мислам дека е апсурдно да се игра еден натпревар. Одлуката е лудост. Во групната фаза се игра дома-гости, во многу купови се дома-гости, а за да се оди на Светско првенство играте еден натпревар на кој се може да се случи, како што видовме“ – вели дефанзивецот.

„Има репрезентации од други континенти кои обезбедија билет за Светското првенство со 4-5 порази. Ние останавме без мундијал поради гол примен во 92. минута и тој еден единствен пораз“.

„Навистина, ова е лудост“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons