Бербата на тутунот продолжува, квалитетот е висок
Последните дождови за 5 до 10 проценти ќе го зголемат годинашново производство на тутун, но не може да се надомести намаленото количество поради сушата. Тутунарите интензивно го берат врвниот род кој е најквалитетен. Сите надежи се во високиот квалитет кој треба да даде повисока цена.
„Дождот колку-толку ја подобри состојбата. А оние кои наводнуваа подобро ќе поминат.Квалитетот е добар, па ќе видиме како ќе помине при откупот#, вели прилепскиот тутунопроизводител Илија Јаковлески. Смета дека сѐ уште е исплатливо производството.
Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здружернија истакнува дека со последните дождови најмногу може да се достигне реколта до 21.000 тони, иако со склучувањето на договорите со откупувачите се очекуваа околу 27.000 тони тутун. Но квалитет е на високо ниво што одамна не се случило.
@Дождовите беа задоцнети и минимално ќе ја подобрат состојбата со годинашнава реколта тутун. Сушата го намали родот за 30 проценти, сега состојбата малку е подобрена, за 5 до 10 проценти и рекоlтата може да достигне до 21.000 тони. Сета надеж е временските услови да им овозможат на тутунарите да го доберат тутунот, има уште 20-тина дена берба, а и во високиот квалитет што одамна не се случило#, вели Ристески.
За стимулирање на тутунопроизводството ќе помогнат последните законски измени со кои се забрани увоз на тутун додека трае откупната кампања.
„Откупот почнува на 15 ноември и е до 28 февруари. Во тој период забранет е увоз на тутун што е големо достигнување за развој на оваа земјоделско-индустриска гранка. Сега само времето да помогне да се дособере родот од нивите“, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.