Спорт

Ангеловски конечно се врати на работа, ќе води клуб од Кипар 

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски, по двегодишна пауза се врати на тренерската работа откако стави потпис на договор со кипарскиот клуб, Етникос Ахрна.

Ангеловски е промовиран како нов тренер на Еникос Ахна, клуб кој се натпреварува во Првата лига на Кипар. Во моментов е на шестото место со осум освоени бода.

За Игор Ангеловски ова е трет меѓународен предизвик во кариерата. Досега тој имаше кратки епизоди од по десетина натпревари во хрватска Горица и Каспиј од Казахстан. Претходно го водеше Работнички, а најголемиот успех го имаше со репрезентацијата на Македонија пласирајќи се на Европското првенство 2020 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons