МакедонијаНајново

Алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, преку социјалните мрежи објави алармантни податоци по извршената контрола на боледувањата кај вработените во МВР. Резултатите се шокантни: од 514 контролирани боледувања, дури 100 биле неуредно издадени, што значи дека секој петти полицаец кој бил на „поштеда“ – тоа го направил незаконски.

Контролата на ФЗО, побарана директно од МВР, открива дека 37% од испитаните лица користеле сомнителни боледувања за да избегнат работни обврски.

„Ова е дел од пошироката акција за ставање крај на злоупотребите во јавниот сектор, каде надоместоците за боледување достигнуваат и до 100%. Нема повеќе толерирање на фиктивни дијагнози“, порача Клековски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons