Актуелно

Акција на Финансиска полиција, ќе се истражува работењето на државната Кардиохирургија

Управата за финансиска полиција (УФП) вчера извршила акција во Универзитетската клиника за кардиологија од која било побарано да ја достави целокупната документација за работата на клиниката во последните пет години, дознава МКД.мк.

Според информациите на МКД.мк започната е предистрага по анонимна пријава за работата на Клиниката за кардиохирургија. Управата побарала од раководството на клиниката да ја предаде целокпуната документација за работата во последните пет години.

„Започната е предистрагата, станува збор за обемна документација. Се испитуваат повеќе финансиски текови“, велат изворите на МКД.мк.

Тие тврдат дека истражувањето на работата на државната Кардиохирургија не е поврзана со изјавата на д-р Сашко Кедев дека клиники вршеле непотребни операции на срце само поради профити.

„Анонимната пријава нема врска со операциите што се изведувале врз некои пациенти. Во пријавата има други наводи“, велат изворите на МКД.мк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons