Ако сте примиле фалсификуван ботокс и имате симптоми веднаш на лекар- препорчуваат од Клиниката за пластична хирургија
Откако се откри дека во Македонија е аплициран фалсификуван ботокс, „Слободен печат“ праша кои се препораките од Клиниката за пластична хирургија, што треба да преземат пациентките кои биле третирани со овие фалсификати и на какви симптоми да внимаваат?
-Препорака од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија е пациентите внимателно да ги следат симптомите и доколку почувствуваат или забележат каква било промена што не одговара на нормалниот тек по апликација на невротоксин или филер, веднаш да се јават кај својот лекар- велат од Клиниката за пластична хирургија.



