Автобус на ЈСП се качи на жарденери кај Мавровка, повредени се неколку жени кои се пренесени на лекување

Три жени се повредени денеска во сообраќајната несреќа, која се случи кај ТЦ „Мавровка“, откако автобус на ЈСП излета од коловозот.

Со Итната медицинска помош биле пренесени во Градската болница односно Клиниката „Свети Наум Охридски“. Според нив, сите три биле со полесни телесни повреди, а едната од нив се жалела на болки во ногата.

Полицијата е на местото на сообраќајката каде врши увид. Повеќе детали најавуваат за подоцна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons