Актуелно

Инфлацијата продолжува да расте во Македонија, најмногу поскапел лебот 

Инфлацијата за еден месец во Македонија се зголеми од 16 на 16,8 отсто. Во август годинава во однос на истиот месец лани трошоците на живот се зголемени за 16,8 проценти. Еден месец оретходно растот на инфлацијата беше евидентирана на 16 проценти на годишно ниво.

Кај цените на мало на годишно ниво има вкупно зголемување од 14,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Само за еден месец лебот и житата поскапеле за 6,4 проценти, свежото и разладеното овошје за 3,8 проценти, млекото за 3,6 проценти, месото за 2,5 проценти.

Намалување на трошоците на животот во август во споредба со јули годинава е забележано кај маслото и маснотиите за 4,1 процент.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons