Повеќе од 700 илјади работници се засегнати со платите, ССМ повика на Првомајски протест 

Не е време за скара и салата. Повеќе од 700 000 работници во државата се директно засегнати од потребата за зголемување на нивните плати. Борбата за достоинствени плати се пренесува на улица, а од сите зависи колку гласно и колку јасно ќе биде упратена пораката дека платата треба да се зголеми – веднаш! Ова, меѓу другото, се вели во повикот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) до работниците масовно да излезат на протест на Меѓународниот ден на  трудот – 1 Мај.

Од ССМ потсетија дека бараат линеарно зголемување на платите за најмалку 2.806 денари во нето износ во јавниот и во приватниот сектор од 1 мај годинава.

„“Нема оправдување! Секој оној кој на 1 Мај ќе реши да оди на пикник, викенд или ќе остане дома, наместо да излезе на протест, нема никој да го слушне и да го види дека му треба поголема плата. На на таков начин не си помага ниту себе си,  ниту на другите. Порачуваме дека не е време за салата и скара, борба е за твојата плата и за работнички права, ако не се бориш за себе и имаш добра плата, треба да бидеш солидарен и да се бориш за тие околу тебе кои немаат добра плата и немаат за добар живот“, се наведува во објавата на ССМ.

Протестот ќе започне во 12.30 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите, а ќе заврши пред Владата каде ќе бидат упатени барањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons