СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа
Шпанија воведува нов модел на скратена работна недела.
Шпанската влада постигна договор со двата најголеми синдикати за намалување на работната недела на 37,5 часа, што претставува значаен чекор кон подобрување на условите за работниците.
Новото правило овозможува работниците да продолжат да работат прекувремено, но за тоа ќе добиваат дополнителен надомест.
Компаниите кои нема да го почитуваат новиот закон се соочуваат со високи казни, кои можат да достигнат до 10.000 евра по вработен. Ова има за цел да го поттикне почитувањето на новите правила и да обезбеди фер услови за сите.Новото правило за работната недела се очекува да стапи во сила на крајот на следната година. Многу земји во светот правеа експеримент со скратена работна недела.