Шест од осум четвртфиналисти се од Европа, прв ден без фудбал на Мундијалот
Со вчерашните два меча беа комплетирани осминафиналните дуели на Светското првенство, денеска е прв ден пауза, по што ќе почнат четвртфиналните дуели.
Останаа уште осум екипи да сонуваат за мундијалскиот трофеј, познати се четвртфиналните парови. Дури шест од осумте екипи се од Европа, само Мароко и Аргентина не се од стариот континент.
Четвртфинале:
Франција – Мароко
Шпанија – Белгија
Норвешка – Англија
Аргентина – Швајцарија



