Спорт

Вардар: Не сме државен проект, оштетени сме за девет бода

Фудбалскиот клуб Вардар излезе со соопштение во кое потенцира судиски одлуки кои оваа сезона се направени во негова штета, оттаму велат дека поради тие грешки имаат девет бода помалку на бодовното салдо.

Синоќа од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) потенцираа судиска грешка на мечот меѓу Вардар и Тиквеш, се работи за недосуден пенал за домаќините поради играње со рака.

Денеска Вардарци излегоа со подолго соопштение во кое го потенцираат грешките.

„Констатираниот сериозен пропуст и непочитување на протоколот од страна на судиите од судискиот одбор на ФФМ еклатантно докажува дека континуираните напади, измислици и политички манипулации кои велат дека нашиот клуб е протежиран и помаган од ФФМ, дека е државен проект, дека е помаган од партијата на власт и слично, со цел да се направи штета на клубот – се апсолутни измислици, лаги и манипулации од фудбалското подземје и политичките партии.

Оваа сезона 2026/27 ФК Вардар АД со погрешни судиски одлуки досега е оштетен за 9 бода, нешто што на другите 9 клуба во ПМФЛ не им се случува“, пишува во дел од соопштението на ФК Вардар.

Целото соопштение во кое има и видеа од спорните ситуации, може да го видите на овој ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons