Актуелно

Шестмина организирале незаконско посвојување на дете, заработија кривична пријава

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги поднесе кривична пријава против шест лица од Скопје, Куманово и Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“.

Според истрагата, во текот на 2024 и 2025 година, Ф.А. (63) и Ѓ.К. (57) го извршиле делото преку незаконско посвојување на новородено бебе. Ф.А., како згрижувач на деца, воспоставила контакти со заинтересирани брачни парови, додека Ѓ.К. ја користела тешката материјална и социјална состојба на родителите за да ги доведе во заблуда и да реализира незаконско посвојување за паричен надомест и други бенефиции.

С.Ј. (35) од Куманово, која живеела во вонбрачна заедница со И.А. (38) од Тетово, била убедена да го даде бебето за 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи. По отпустот од болница, Ф.А. го превзела бебето и го однела до својот дом, каде И.Ш. (35) и Џ.Ш. (35) го земале како „посвоители“. Истовремено, на 17.10.2025 бил склучен договор за заем од 500 евра помеѓу Џ.Ш. и И.А. за надоместот за незаконското посвојување.

На судија на претходна постапка им е определена мерка домашен притвор за сите пријавени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons