Свет

Уште една земја сака да влезе во Шенген зоната до 1 јули 2027 година

Целта на Кипар е до 1 јули 2027 година да влезе во Шенген зоната. 

Кипарскиот претседател, Никос Христодулидис, се надева дека државата ќе успее да се приклучи кон Шенген зоната до 1 јули 2027 година, датумот кога почнува грчкото претседателство со Европската Унија, пренесе кипарскиот весник „Политис“, јави дописничката на МИА од Атина.

Кипарскиот претседателот за весникот се осврна на специфичното прашање поврзано со двете контролни точки за преминување што се наоѓаат во рамките на британските воени бази на територијата на Кипар, што воедно е главното отворено прашање што треба да се реши во процесот за приклучување на земјата кон Шенген зоната.

Според весникот, Никозија е во координација со Лондон, со цел на двата контролни пункта да се применуваат проверки како на оние што важат на премините под контрола на Република Кипар, а решението што се разгледува предвидува британската страна да ги надгради контролите, за тие да бидат усогласени со барањата на Шенген-зоната.

Паралелно особено внимание е посветено на тоа решението да не влијае врз кипарските Турци и нивното секојдневно движење и како што пишува „Политис“ веќе е пронајдено решение што ги зема предвид и овие работи, а соработката со британската страна се оценува како особено добра.

foto Wikipedia/PomposPompou

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons