Македонија отпатува на последното гостување од циклусот во Лигата на нациите
Фудбалерите на Македонија ја продолжуваат мисијата во Лигата на нации, откако денеска со чартер-лет заминаа за Шкотска, каде што ги очекува претпоследниот натпревар од групната фаза.
Националниот тим предводен од Гоце Седлоски ќе гостува на „Хемпден парк“ во Глазгов, каде што во петок од 20:45 часот ќе се соочи со Шкотска. Македонската репрезентација ќе се обиде со позитивен резултат да го заврши гостувањето и да го дочека последниот предизвик во добра атмосфера.
Време за подолг одмор нема да има, бидејќи веќе в понеделник Македонија ќе го одигра и последниот натпревар од циклусот, против Словенија на домашен терен.



