Сончево, но постудено време, температурите денес до 12 степени
Денеска времето ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од -5 до 2 степени, а максималните ќе достигнат од 6 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од -3 до 8 степени.
Утре утрото ќе биде ведро и студено, со негативни температури во целата земја. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува, а од крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се најавуваат во четврток, особено во западните делови од земјата, каде се очекува да наврнат до 30 литри дожд на квадратен метар. Во петок врнежите ќе бидат поизразени во јужните и источните делови, со над 20 литри на квадратен метар.
Поради заладувањето во текот на викендот, врнежите се очекува да преминат во дожд и снег.



