Силен земјотрес во Егејското Море
Земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во сабота, 13 јуни, во 11:22 часот во Егејското Море, во близина на Измир.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал источно од овој турски град.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7,5 километри под површината на земјата.



