Празни полиците со зејтин и брашно во Германија, литар масло и до 5 евра 

Германија трпи сериозни последици од војната во Украина кога станува збор за снабдување со основни прехранбени производи, пренесува агенцијата Анадолија. Полиците во маркетите со сончогледово масло и брашно се уште се празни, а цената на маслото за готвење од 1,5 евро за литар поскапе три пати, па сега е околу пет евра.

По руската инвазија на Украина, која е еден од најголемите производители на сончогледово масло и брашно во Европа, купувањето на овие основни прехранбени производи се зголеми во германските трговски синџири. Затоа полиците во многу супермаркети се уште се празни.

Во исто време проблемите во синџирот на снабдување доведоа и до нагло зголемување на цените на овие производи. Некои супермаркети ја ограничија продажбата на сончогледово масло и брашно за да не се создаваат залихи кај граѓаните.

Годишната стапка на инфлација во Германија во март изнесуваше 7,3 отсто, што е највисока од 1981 година, објави претходно германската Федерална статистичка служба (Дестатис).

Војната во Украина истовремено го наруши протокот на пченица и житарици и доведе до зголемување на цените на природниот гас, нафтата и другите извори на енергија, што предизвика пораст на цените на многу прехранбени производи.

Според Опсерваторијата за економска сложеност (ОЕЦ), во 2019 година, Русија и Украина заедно извезле повеќе од четвртина (25,4 отсто) од светската пченица.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons