По воведувањето на „Безбеден град“, повеќе од 1.400 казни во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
Регистрирани се 1.415 прекршоци во Охрид, Струга, Дебар и Кичево. Најчестите прекршоци се пребрзо возење, 1.211 прекршоци, изјави Стефан Димовски, портпарол на СПБ-Охрид по воведувањето на камерите на „Безбеден град“ во овие општини.
Димовски вели дека „Безбедeн град“ помага во спречување на несреќи и намалување на бројот на смртоносни несреќи.
„Секое непочитување на ограничувањето на брзината значи црна дамка и значи можност за предизвикување несреќа, затоа еден од главните приоритети на ‘Безбеден град’ е намалување на несреќите, пред сè со последици од смрт и тешки повреди, со еден збор, намалување на бројот на несреќи“, додаде Димовски.
Жителите имаат различни мислења во врска со системот „Безбеден град“, некои велат дека во последните 10 дена возачите биле повнимателни, додека други велат дека ефектот сè уште не е виден бидејќи граѓаните сè уште не се навикнати на овој вид казни.



