Млада Русинка се соочува со затворска казна поради користење на „Инстаграм“

Руската инфлуенсерка Вероника Логинова би можела да се соочи со шест години затвор затоа што продолжила да ја користи социјалната мрежа „Инстаграм“, откако Владимир Путин го забрани тоа на почетокот на оваа година нарекувајќи ја „екстремистичка“.

Логинова ова го откри на својот профил, каде ја следат 556.000 луѓе, објаснувајќи дека во август, додека била во Париз, ѝ се јавила нејзината мајка и ѝ рекла дека полицијата тропнала на вратата од нивниот дом. Како што истакна, ѝ се заканиле со затворска казна тврдејќи дека „привлекува премногу внимание“ и дека нејзиното понатамошно објавување содржини на „Инстаграм“ може да се смета за форма на соработка со „екстремистичка организација“.

„Дали сте сериозни? Јас, 18-годишна девојка и модна блогерка? Претприемачка, споственичка на бренд за облека која плаќа даноци во својата земја? Личност која објавува содржини за поддршка за менталното здравје и никогаш не допрела политичка агенда на нејзиниот профил?“, рече Вероника.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons