Македонија мрзне, измерени -10 степени: Ова се најстудените места утрово
Во 7 часот утрово најстудено било во Берово, каде се измерени -10 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Температура од -7 степени е измерена во Крива Паланка, -6 во Струмица, додека во Скопје утринската температура изнесувала -5 степени.
Најтопло било во Претор, каде се измерени 0 степени.



