Свет

Земја со најмногу пирамиди во светот не е Египет, друга ги има над 200

Кога луѓето помислуваат на пирамиди, помислуваат на Египет и познатите структури во Гиза. Сепак, иако Египет е најпознат по своите пирамиди, земјата со најголем број од овие антички структури е всушност Судан. Оваа африканска земја има повеќе од 200 зачувани пирамиди, значително повеќе од нејзиниот северен сосед.

Според Гинисовата книга на рекорди, во Судан има најмалку 230 антички пирамиди, додека некои проценки велат дека има дури 255. Во Египет, за споредба, се проценува дека има помеѓу 120 и 140 пирамиди.

За разлика од египетските пирамиди, кои најчесто се поврзуваат со фараоните, суданските пирамиди ги изградиле владетелите на античкото кралство Куш, цивилизација која се развила во областа на Нубија, по долината на Нил.

Кралството Куш постоело неколку векови, а неговите владетели имале значително влијание врз историјата на Североисточна Африка. Особено е интересно што Кушитите владееле и со Египет во еден период, за време на 25-тата династија, а нивните владетели биле познати и како нубиски фараони, пишува bizportal.rs.

Пирамидите главно служеле како гробници за кралеви, кралици и членови на високото општество, а нивната изградба траела приближно илјада години.

foto Wikipedia/ B N Chagny 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons