Свет

Етна повторно исфрла пепел

Поради активноста на Етна аеродромот во Катанија и овој и минатиот месец беше затворен за авиосообраќај.

Вулканот Етна денеска е повторно активен и исфрли пепел во висина од околу четири километри.

Италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија издаде највисок степен на предупредување за авијацијата.

Но, и покрај предупредувањето засега не е затворен меѓународниот аеродром во Катанија.

Поради активноста на Етна аеродромот во Катанија и овој и минатиот месец беше затворен за авиосообраќај.

Етна, со висина од околу 3.300 метри е најголем активен вулкан во континентална Европа. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons